„Доаѓам од Влада која нема намера да ускратува слободи на граѓаните, туку има намера да го штити нивното здравје. Ние имаме системи за транспаретност, така е и сега во време на вонредна состојба“ изјави советникот во владата Марјан Забрчанец во синоќешното гостување на Топ пема на Телма во која онлајн учествуваше и професорот Гордан Калајџиев.



Забрчанец вели дека целта на полицискиот час за време на викендот не е да се забрани движењето, туку, како што рече, да се спречи ширењето на вирусот.

„Оваа рестрикција сега има една единствена цел, а тоа е да доведе до што поскоро олабавување на мерките, меѓутоа за да се случи тоа мора да бидеме сигурни дека пикот е достигнат, дека кривата започнува да се движи надолу, дека бројот на новозаболени се намалува, а тоа ќе биде возможно само доколку се издржи овој период и доколку останеме во своите домови за време на викендот и за време на празниците што следат“, рече Забрчанец како што пренесе Фокус.