Судот ќе одлучи дали во Пула ќе се одржи концерт на српските турбофолкери.
Градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ, го забрани концертот на српските турбофолкери, тврдат организаторите спород кој тој употребил и недолични зборови.
Градоначалникот на Пула забранил турбофолк – не сакал „српско ѓубре“ во неговиот град.
Агенцијата „Илјадарка“,која го организираше фолк концертот во Пула, поднесе тужба до Стопанскиот суд во Пазин против „Пула спорт“, салата во која требаше да се одржи настапот.
Во тужбата е наведено дека треба да се определи итна времена мерка и да се донесе пресуда дали концертот може да се одржи во Пула.
Големи се шансите пресудата да биде во корист на организаторите на концертот бидејќи според досегашната практика, концерт може да се забрани само доколку постои сомнеж дека ќе предизвика национална, верска или политичка омраза, пренесува Б92.







