Независната угостителска комора (НУК) денеска ќе поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и/или законитоста на измените и дооплнувањата на Одлуката за превентивни препораки со кои се ограничува работата на угостителските објекти до 18 часот.
„Почнуваме да ги користиме сите правни мерки и дејства кои ни се на располагање во интерес и заштита на угостителската индустрија. (…) очигледно Владата си поигрува и ја потценува моќта и општествената улога и влијание на угостителите и угостителските работници кои секојдневно опслужуваат повеќе од половина милион гости во угостителските објекти ширум земјава, наведува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.
НУК за 12:30 часот денеска најави прес-конференција пред Уставниот суд во Скопје.






