Забраната од ЕХФ е урната: ,,Сонцето од Кутлеш” сјае во Мерцедес Бенц арена

Забраната на ЕХФ според која членовите на ,,Македонската фаланга”, не смеат да внесат навивачки реквизити во салата каде денеска се игра мечот против Германија на Европското првенство е урната.



Знаме со ,,Сонцето од Кутлеш” и покрај тоа што обезбедувањето ги одзема сите реквизити со овој симбол веќе сјае во делот на Мерцедес Бенц арената.

Знамето гордо го истакнува Зоран Димовски, скопјанец кој последниве десетина години ги следи сите настапи на македонските репрезентации низ Европа.

На крајот на секое натпреварување Зоран ги подарува знамињата до Сонцето од Кутлеш на навивачите на противничките репрезентации.

Така ќе биде и вечерва најавува Димовски ако германското обезбедување не му го одземе знамето во Мерцедес Бенц арената.

Повеќе детали

Огромен скандал и навреда за милиони Македонци во Австралија и целиот свет https://www.expres.mk/makedonskite-drzhavno-i-etnichko-zname-zabraneti-na-australian-open-2024/

Обезбедувањето во Берлин ги одзема знамињата и парковите со сонцето од Кутлеш