Четири конкретни барања за решавање на проблемот со аерозагадувањето имаат претставниците на еко-здруженијата кои денеска ќе ги постават на втората седница на Советот за безбедност, што вечерва се одржува во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.



Невладините бараат забрана за увоз на отпад, преразгледување на сите елаборати за хидроцентрали во заштитени подрачја, полициска поддршка на испекциските контроли за животна средина и контрола на дивоградбите.

Пред почетокот на вториот дел од седницата на Советот за безбедност, претставниците на Здружените граѓански иницијативи и организации рекоа дека ова е последната врата каде влегуваат да разговараат за проблемот со аерозагадувањето и доколку тоа не вроди со плод останува – улицата.