Забрана за свадби во целата држава, а не само во Тетово бара Филипче

Мерка забрана за свадби и прослави на затворено ќе се бара да важи во сите градови во држават потврди за „Телма“ министерот Филипче, иако утрово од неговиот кабинет беше соопштено дека се бара тие мерки да важат само за тетовскиот регион.



Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот“,соопштија од Министерството за здравство по утринската коотдинаци на министерот Венко Филипче со членови на Комисијата за заразни болести

„Не е за Тетово, за цела држава е. Предлогот е за секаде не само за Тетово“, појасни министерот за „Телма“.