Италија од денеска забранува влез на нејзина територија од 13 земји за кои процени дека имаат премногу случаи на ковид-19.



На списокот, составен од Министерството за здравство, се Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Босна и Херцеговина, Чиле, Кувајт, Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република.

„Забраната се однесува на сите што престојувале во тие земји или поминале низ нив во изминатите 14 дена“, изјави министерот за здравство Роберто Сперанца, пренесе Плусинфо.