Заборавил ли Ковачевски колку уживал на отворање објект од ,,Скопје 2014″ (ВИДЕО)

Видео објавено на Фејсбук открива дека во 2022 година лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, како премиер го критикува проектот Скопје 2014-та а како директор во Телеком се смее и аплаудира заедно со ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година за истиот проект.



Видеото кое според авторот докажува дека Ковачевски е #дволичен го прикажува екс директорот а сега премиер како седи во првите редови на отварањето на новиот објект на Македонскиот народен театар кој е дел од проектот Скопје 2014 година.

Како и кога Ковачевски го сменил мислењето за проектот каде со насмевка присуствувал во времето на Груевски и Мијалков засега не е јасно ниту тој открива.

За видеото на кое се гледа како Ковачевски сега го критикува а тогаш уживал на настан од Скопје 2014 стиснете на овој линк

https://fb.watch/cIKEnjnVOq/