За Зиков ,,Францускиот предлог” е балансиран, жестока дебата со Момироски (ВИДЕО)

Новинарот и актуелен финансиски директор на МЕПСО именуван од владата тврди дека таканаречениот Француски предлог, со кој во македонската преговарачка рамка за ЕУ влегоа работи за кои не преговарала ниту една друга земја кандидат, е избалансиран.



Иако најголем број релевантни експерти за ЕУ од Македонија и ЕУ велат дека Францускиот предлог е асиметричен и крајно штетен за Македонија директорот во МЕПСО именуван од владата тврди дека тој е избалансиран.

По оваа изјава на Зиков во студиото на Канал 5 следува жестока дебата со новинарот на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ Горан Момироски во која има многу искри.