Поранешниот дипломат, политичкиот аналитичар и коментатор Арсим Зеколи поставува хипотетичка ситуација што ќе се случеше ако на местото на Заев беше Груевски и потпишеше ваков договор со Грција.
„Одвојте минута, замижете и замислете ја хистеријата, трагедијата, паниката, повиката, галамата, пцуенката, мајко-шајката, патетиката и солзокрокодилството на СДСМовските гејша-медиуми доколку Грујо го потпишеше ова што они го потпишаа. Колку за да ја разберете нивната природа“, напиша Зеколи на својот Твитер профил.
Со зборот Гејша во Јапонија се опишуваат специјално обучени проститутки кои се образувани и за други активности освен секс и кои работат за богати нарачатели.





