Граѓани реагираат на информацијата дека од вчера во Скопје, присуствува делегација на Венецијанската комисија која ќе има средби, а ко срдината на октомври ќе даде советодавн мислење за Законот за употреба на јазиците (ЗУЈ).
Зуј, беше објавен во Службен весник на 14 јануари годинава само со потпис на претседателот на Собранието, но не и од шефот на државата.
„Венецијанската комисија откако ЗУЈ е насила донесен, наместо да реагира уште пред неговото усвојување, дојде на лице место во Скојпе, дури откако тој почна да се имплементира во многу државни сфери. По свадба тапани! И наместо за неуставноста на законот, тие со партиите разговарале и за некои други детаљи, како што се униформите и парите!!!
И зарем е пракса тие да шетаат по светот, наместо да ги проучат документите кои веројатно им биле доставени. Евентуално можеле заради дообјаснување, да повикаат двајца претставници, по еден од позицијата и “опозицијата”, е еден од коментарите на граѓани…
Од Венецијанската, како што се дознава, најмногу биле зџаинтересирани како ќе оди употребата на мултилингавалноста и дали таа е нуѓна на парите и како ознака на униформираните лица…





