Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ја оцени како „голема грешка“ неодамнешната испорака на тенковите Т-72 од Македонија во Украина.
„На 29 јули годинава беше обелоденета таквата одлука на Скопје. Министерството за одбрана на Северна Македонија веднаш направи резервација – наводно, станува збор за тенкови од ‘третата генерација’ од баталјонот што наскоро ќе биде распуштен, а самите возила, како неконкурентни, во иднина требало да се заменат со модерни.
И покрај тоа што, според тврдењето на северномакедонските власти, тие значат ‘безопасна’ испорака на застарена опрема, останува фактот дека во поданичката лојалност кон НАТО (пред сè) Скопје е вклучено во пумпањето на Украина со оружје, со што придонесува за продолжување на криминалната активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас. Луѓето кои проповедаат демократија, слобода и човекови права треба да знаат за тоа. Сето ова води кон дополнително влошување на ситуацијата. Сметаме дека ова е голема грешка на раководството на Северна Македонија“, одговори Захарова на новинарско прашање на денешниот брифинг во Москва.






