За Заев, Груевски бил подобар од сегашното ВМРО-ДПМНЕ

Уште една неверојатна изјава на премиерот Заев по состанокот на врвот на СДСМ.



Запрашан од репортерка на 1ТВ дали како што опозицијата бара оставки од власта и тој бара оставки во ВМРО-ДПМНЕ, премиерот со објаснување дека не било негова задача да ја оправа опозоцијата но таа била многу лоша и при тоа направи споредба меѓу актуелното и предходното раководство.

“Јас работев со Груевски, ова е полошо…”, изјави Заев пред збунетите новинари во седиштето на СДСМ.

Главната порака во политичките препукувања на Заев и неговиот СДСМ се однесуваат на лошото владеење на Груевски а сега премиерот го пофали човекот што пред негови очи успеа да ја напушти државата и да замине во Унгарија како признат политички азилант во ЕУ.