За Заев, Грција а не Бугарија е регионален лидер

Имав телефонски разговор со господинот Мицотакис, претседател на Нова демократија и нов премиер на нашиот сосед и пријател, Грција, објави денеска премиерот Заев кој честитал за победата на изборите и посакал “просперитет и благосостојба на нашиот сосед Грција и на грчкиот народ”.



Во својата честитка невообичаено за дипломатска комуникација Заев на Грција и го даде приматот на регионален лидер и најстабилна земја од сите соседи што нема да им се допадне и на Србија и Албанија туку и на Бугарија која како членка на НАТО и ЕУ има аспирации да биде регионален лидер.

“Заеднички изразивме надеж за продолжување на соработката меѓу Македонија и Грција, во очекување на нашата прва средба како премиери.

Ги потврдив позициите дека Грција е наш стратешки партнер со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изразив благодарност за поддршката којашто од нашиот сосед ја добиваме за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ.

Во разговорот упатив признание и честитки за успешните демократски избори со кои Грција уште еднаш покажува дека е водечка земја во регионот, како најсилна и најстабилна демократија, долгогодишна членка на ЕУ и НАТО, што придонесува кон стабилноста и развојот на регионот.

Ја користам оваа прилика да упатам голема благодарност до досегашниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Ципрас, за соработката со која поставивме темели на трајно пријателство меѓу нашите земји и основа за еден нов Балкан од кој зрачи мир, како и за храброста со која се вложивме заеднички да го решиме спорот кој 27 години ги попречуваше билатерелните односите меѓу нашите држави и народи”, пишува Заев за телефонскиот разговор со колегата Мицотакис.

.