За Заев гласаат и Албанци, најпознат меѓу нив е Јане Трајков

Новиот лидер на СДСМ кој се бира од единствениот кандидат Зоран Заев ќе биде избран и од гласовите на другите етнички заедници што во нормална ситуација може да биде дополнителна вредност за македонската демократија.



Но во услови кога некој станал Албанец за да добие работно место во државна институција не се работи за вредност туку за можна манипулација.

Еден од таквите новоидентификувани Албанци кои денеска гласаа за избор на нов лидер на СДСМ е Јане Трајков претседател на локалната организација на партијата во Свети Николе.

Според Алсат М Трајков заедно со Даниела Корзовска, Сашко Стојановиќ, Цветанка Геговска, Емилија Стојачевска Ѓориќ и десетици други предходно се изјасниле како Албанци за да се вработат во државна институција.

Сите се нововработени во Државниот инспекторат за земјоделство. Откако ги исполниле другите услови, доволно било уште да поминат на балансерот за правична етничка застапеност во институциите.

Вработување во Државниот инспекторат за земјоделство тогаш како немакедонци добиле:

Даниела Кержовска, Албанка
Сашко Стојановиќ Албанец
Цветанка Геговска, Албанец
Емилија Стојчевска Ѓориќ, Албанка
Јованче Ташов, Албанец
Сашо Јаневски, Албанец
Билјана Наумова Тошевски, Албанка
Татјана Дамјановска, Албанка
Стерја Гогол Албанец
Богдан Стојановски, Албанец
Драган Србиновски, Албанец
Јане Трајков, Албанец
Апостол Бакев Албанец
Томе Делев, Турчин
Силвана Тербогазова, друга националност

Конкурсот објавен на 29 јануари 2020 година за вработување на 20 лица во овој инспекторат, не барал кандидатите да го знаат албанскиот јазик, што го олеснува исполнувањето на овој критериум. Од кандидатите Албанци се барало добро познавање на македонски, англиски, француски и германски јазик. Албанскиот како критериум не се појавува никаде. Ова не е прв пат да се манипулира со системот за вработување кој се базира на софтвер за балансирање и обезбедување правична етничка застапеност во институциите.

Веста на Алсат-М