Заменик претседателот на Државната антикорупциска комисија, Нури Бајрами, вели дека пријави за вработувања со непотизам во СЈО имало уште пред три години, односно во 2016 година.



„Значи не е во прашање само последната афера „Рекет“, поврзана со СЈО, бидејќи пријави за вработувања со непотизам или со политичко влијание имаше и во 2016 година“, вели Бајрами во интервју за ТВ.21.

Тој вели дека пријава од фгизичко лице имало во врска со вработувањето на внукот на специјалната обвинителка.

Бајрами вели дека е отворен случај во врска со вработувања на роднини и дека се проверуваат 20 лица.