За малку избегната трагедија на патот кај Кањонот Матка. Туристички водич кој долг период алармира дека ова е многу критична улица, испрати фотографии на кои се гледа како турски туристички автобиус чие задно тркало е пропаднато покрај коловозот на скопкса Матка а возилото е видно закосено.

Турски автобус се излизгал кај долна Матка и удрил во заштитната ограда. Несреќата се случила кога автобусот се вратил назад со цел да се размине со друг автобус. Водачот на групата вели дека дека причината е лошиот и тесетн пат, и иако нема повредени патници, сите се видно вознемирени. Инаку, автобусот бил полн со туристи од Турција. За среќа не дошло до превртување и избегната е трагедија.




