Во пост со наслов ,,МАКЕДОНИЈА ГО ДАДЕ 24 МАЈ – ДЕН НА БУГАРСКАТА ПИСМЕНОСТ?!”, Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит открива дека Македонија се помирила со бугарската позиција според која денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј е всушност ексклузивен бугарски празник.
Илиевски дава упатство како сами да се уверите во тоа:
1. Одете на сајтот на МНР (mfa.gov.mk) и во полето за пребарување напишете „протокол“
2. Кликнете на првиот резултат за ПРВИОТ протокол меѓу историските комисии
3. Клик на „ЛИНК“ за да го прочитате
4. Читајте
5. Читајте
24 мај за МНР е ден на Бугарското образование и просвета!!!”, пишува Илиевски.
Тие што ќе го следат неговото упатство ќе се уверат дека е во право.






