Поранешниот генерал на САД и командант на здружените сили на НАТО за Европа, Весли Кларк, му рекол на лидерот ан ДУИ Али Ахмети дека е жива легенда.
„Изградивте партија што се претвора во ’рбет на стабилноста на земјата. Фасцинантна трансформација за оваа земја која можеше да заврши со нестабилност, стана моќна држава на стабилноста“, рекол Кларк на средбата со Ахмети кој е во посета на Скопје, соопштуваат од ДУИ.
Кларк денеска е во посета на Скопје, каде што имаше средби и со премиерот Зоран Заев и со првиот вицепремиер Артан Груби.
На средбитт се разговарало за „новата реалност“ за Македонија и за регионот, откако земјата и неколку други земји од Западен Балкан се членки на НАТО.
Како што соопштија од Владата, поранешниот генерал на САД истакнал дека сега, откако заврши неговата војничка кариера, тој е целосно посветен како бизнисмен да го поддржува развојот на земјите од регионот и од Југоисточна Европа во делот на нивното економско поврзување со инвеститори од САД и Европа.






