„Една од можните мерки што се разгледува е ограничување на движењето од петок до вторник наутро.
Тоа би значело рестрикција како и овој викенд плус понеделник, а без четврток. Сепак, конкретна одлука за тоа ќе се донесе деновиве“ најави вчера министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот рече дека за ова ќе се разговара почнувајќи од денешната владина седница, одговарајќи на новинарско прашање дали е разгледувана можност за воведување полициски час од четврток попладне до вторник наутро, пренесе „360 степени“.






