Контроверзно тврдење на иницијаторот на движењето ,,Нова Република” Ивон Величковски кој македонските јавни реакции против ц бугарската прослава на фашистичкиот соработник Ванчо Михајлов ги поврзува со некаков проруски и пројугословенски сентимент насочен против НАТО и ЕУ.
Величковски во својот долг и на моменти контрадикторен пост ја елиминира можноста македонската јавност автентично да реагира на бугарските антимакедонски пораки со величење на нацистичкиот соработник и без да даде било каков аргумент ги обвинува сите што реагирале контра славењето на Петков на Михајлов дека се проруски и пројугословенски настроени.
Тој реакциите ги поврзува со цената листа на САД оддалечување на Скопје и Софија од влијанието на Софија притоа има дилема дали Македонците треба воопшто да се лутат на бугарската влада за тоа што го слават крвниот и колаборатор на нацизмот и фашизмот.
,,Дали треба да му се лутиме на Петков ако Бугарите го одбележуваат Ванчо Михајлов или би требало да му се лутиме ако бараат ние да го одбележуваме?
Пред почетокот на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков констатиравме дека „Хистеријата кон (посетата на) Петков (во Битола) ќе расте правопропорционално со запленувањето на имотот на Груевизмот и извлекувањето на Македонија и Бугарија од Путинизмот. И во Софија и, особено, во Скопје“.
Затоа сите засегнати од прекинувањето на пост-советскава Путинистичка игранка во регионот и Македонија, сите загрозени од отпорот на Украина и црните листи кон рушителите на стабилноста на Западниот Балкан, денес се во состојба на „Тревога“.
Денес во Македонија, тие ќе му опонираат на Петков бидејќи им ја крши игранката: Со именувањето на Бугарскиот културен центар во Битола според Ванчо Михајлов, Бугарите фактички прават јасна дистинкција на Михајлов – како историска личност битна за нив.
Проблем, имено, би било доколку Македонскиот културен центар во Софија би го носел неговото име.
Ним ќе им се придружат нивните „колеги“ кои, засегнати од цврстата НАТО-ориентација на Софија, би сакале да го искористат „македонското прашање“ за рушење на Владата на Петков.
За таа цел ќе ги користат сите изблици на фобија од нашите гулаш-конзервативци или токај-левичари, „илустрирајќи“ причини за ветото кон македонските евроинтеграции. Посакувано прелевајќи владина нестабилност врз Скопје.
Влијаејќи врз антизападниот сентимент во обете земји, „секаде според потребите“, доволно за целите на Москва.
Кај нас е интересно спокојството на општеството и возбудата на „Живаљевиќ јавноста“.
Оти станува се појасно дека ванчомихајловизмот е само врзивна мистика на југословенската и бугарската комунистичка идолатрија во односот кон Македонците по мерка на Кремљ.
Бидејќи за Македонците етничката посебност не е југословенска туку македонска, а за Бугарите македонската етничка посебност е јавно констатирана пост-романтична реалност останува да се соочиме со фактите.
Во Втората светска војна, Михајлов не е во Македонија. Ниту ја создава неколкудневната „Независна држава Македонија“ од 8 септември 1944, туку признава дека на теренот постои македонско самостојно национално чувство спротивно на неговото убедување – и го напушта проектот и Балканот.
А по војната, во Рим е во постојана врска со – југословенската Државна безбедност, која го користи за целно етикетирање на движењата на Македонците „сепаратисти“ кои сакаат да ја видат Македонија самостојна – ниту во Бугарија ниту во Грција – ниту во Југославија. И, секако, им ја потпикнува картата на „Голема Македонија“.
Од овој агол, службењачкото утилитаризирање на ванчомихајловизмот кон Македонците личи еднакво со службењачкото утилитаризирање на бализмот кон Албанците во Југославија – за одржување на контролата на српско-југословенскиот безбедносен апарат во Црна Гора, Косово, Јужна Србија и Македонија. Сродна тема на која проучувањата на темата од Скопје, Белград, Подгорица, Приштина, но и Софија би биле особено корисни.
Руската агресија врз Украина ни покажа дека и на Балканот живееме со последиците на врските на југословенскиот, советскиот и разузнавачките апарати на екс-комунистичките земји од „Варшавскиот пакт“.
Оти на нив е изградена линијата на олигархиски финансиско-медиа-политички врски и последични нестабилности што денес Путинизмот во регионот сака да ги движи по линијата Киев, Будимпешта, Белград до Скопје. И ќе проба да ги шири и низ антените во Сараево, Подгорица, Приштина, но и Тирана и Софија.
Затоа, бидејќи фашизмот и нацизмот се осудени во Македонија уште од 1944, во независна Република (Северна) Македонија од 1991 на ред е осудата и изедначувањето на комунизмот со фашизмот.
Накусо, ванчомихајловизмот и комунизмот во Македонија може да преживеат само заедно, оти се средство за прикажување на македонската свест како идеолошка.
Тоа им одговара само на Системските Македонци, нивните партии и привилегии. Затоа тие предничат во идеолошкото етикетирање на сите други народи, освен оние кон кои се чувствуваат подредени. И со тоа – им се спротивставени на Македонците.
Токму затоа и ванчомихајловизмот и комунизмот се отфрлени од Македонците – оти ги препознаваме како туѓи средства за кавга со сите народи во и околу Македонија и за да не држи подалеку од Европа и САД.
И токму затоа модерната македонска држава и модерниот Македонец не се чувствуваат загрозени ниту од бугарски ниту од албански ниту од српски ниту од грчки… културен центар во Македонија. Ниту од правото на немакедонците да се чувствуваат како што сакаат оти тоа право го сакаме за сите – и за нив и за нас. И во и вон Македонија”, пишува Величковски во контроверзниот пост полн со тези за кои не дава цврсти никакви аргументи поради што наликува на пропагандистички памфлет.
Линк до постот
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=386791236788008&id=100063714040630





