Јавното претпријатие за државни патишта склучило договор од над 8,2 милиони евра со Градежен институт Македонија за надзор за докомплетирањето на градежните работи на автопатот Кичево- Охрид.



Милионскиот оговор веќе е објавен, а за надзорот Градежниот институт Македонија се здружува со скопската компанија Евро консалтинг, објави Фактор.

Овој договор следува по одлуката за пролонгирање на рокот за иzградба на оваа автопатска делница, а за што се прави и анекс на договорот со кинеската компанија Синохидро која е изведувач на работите.

На 30 јуни годинава заврши вториот рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој почна да се гради во 2014.

Оваа делница првично беше најавено да е готова во 2018 година, но со анекс на договорот се продолжи рокот до 30 јуни годинава. Тогаш, се зголеми и цената на чинење на автопатот на вкупно 598 милиони евра.