Министерството за надворешни работи испрати реакција до УЕФА откако на официјалниот сајт на УЕФА, претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски се заведени како Сверномакедонци.
Поради некои причини во делот за националност кај Сејдини и Поповски стои Северномакедонци. За споредба кај луѓето од Северна Ирска стои, „Ирци“, пишпува „Спортски“
„МНР води сметка за точната употреба на државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија.
Како и што сме реагирале и претходно, реагиравме и сега до УЕФА со барање да се променат термините согласно Уставот личната карта на земјата во Обединетите Нации“, порачаа од МНР.







