За убијците на Саздо по 19 години затвор

Во Кривичниот суд денеска беше соопштена пресудата за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски – бвинетите Бесир Беља и Скендер Демири добија по 19 годни затврска казна.



Судијката Даниела Алексовска-Стојановска денеска при изрекувањето на пресудите рече дека двајцата се виновни затоа што заеднички го лишиле од живот Никола Саздовски.

На третообвинетиот Јетон Љужа кој е во бегств, ќе му се суди кога ќе биде уапсен.

Истовремено Бесир Беља и Скендар Демири треба да исплатат оштета од по 1.200.000 денари за таткото, мајката, братот, сестрата, а за бабата на Саздовски 600 илјади денари.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Јетон Љужа (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајца од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, беа во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за трето осомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо тројцата осомничени лица ги гонеше за кривично дело „убиство на свиреп начин“, дело кое пред преквалификацијата се водеше како „насилство“.