Владата донесе Уредбата за задолжување на Република Македонија кај Европската Унија преку инструментот Макро–финансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата за време на вонредна состојба.
Со оваа одлука на Владата, државата се задолжи за нови 160 милиони евра.
Претходно Македонија издаде еврообврзница во вредност од 700 милиони евра, , со камата од 3,675 проценти. Станува збор за шестгодишна еврообврзница за која каматата е над 150 милиони евра.





