За три дена 4 евро-дипломати во Скопје за францускиот предлог

Францускиот предлог и евроинтеграцискиот процес на Македонија ќе бидат во фокусот на денешната средба на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и специјалниот германски претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.



„По посетата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, ќе биде четврти европски функционер, во последните три денови, кој доаѓа во овие клучни и историски момент да даде поддршка на францускиот предлог за почеток на преговорите со Европската Унија и да ги потврди уште еднаш македонските позиции“, наведуваа од Секретаријатот за европски прашања (СЕП).