За свадби, прослави… се користел „црниот фонд“ на СЈО

Ново писмо испратено од поранешната специјална јавна обвинителка Писмо од Катица Јанева, во кое бара парите од „црниот фонд“ да ѝ се дадат за одбрана во случајот „Рекет“, навистина пристигнало во седиштето на СЈО, дознава „Фокус“ .



Како се дознава, обвинителите биле затекнати од барањето, бидејќи како што појаснуваат парите од фондот досега се користеле за свадби, прослави, незгоди…

„Фондот самите го полневме по наредба на Јанева и таа ги контролираше средствата, па затоа немам претстава колку пари се останати. Пари секој месец даваа од обвинител до последен вработен“, вели еден од обвинителите за Фокус.