Директорот на Агенцијата за млади и спорт, денеска на прес конференција изјави дека чувствува морална одговорност за објавените скандалозни песни во Збирката поезија од проектот „Млади поети“, за што вчера прв објави „Expres.mk“,но дека тоа не е причина за оставка.
Уште повеќе тој рече дека чувствува професионална обврска до крај да го истражи случајот за кој вината ја префрли на комисија од надворешни соработници кои ги избрале песните во кои во вулгарен, недоличен и срамен контекст се исмеваат градоначелник, премиер, претседател на држава, се демонстрира сексизам и етничка нетолеранција.





