Премиерот Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ, дознал од медиуми за сообраќајката која викендов се случи на преминот Стража, во која едно лице загина, а каде учесник во настанот беше и Зоран Милески Кичеец.
„За настанот дознав од медиумите“ изјави премиерот Зоран заев запрашан во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на „стража“ во која учесник беше и осудениот за „Рекет“ Зоран Милевски – Кичеец и во која зџагина едно лице, а повредени беа седуммина други.
Премиерот, заедно со минисетрот за правда Бојан Маричиќ, рекоа дека во разговор со директорот на Управата за извршување санкции биле информирани дека, Зоран Милески-Кичеец, имал право да користи отпуст од казната во траење од 30 дена поради лекарски причини.
„Разговарав со директорот на Управата за извршување на санкции, и ме информираше дека тој имал целосна документација за лекување. Тоа е право на секој затвореник, како што има право на годишен одмор, има право на викенд, така има право на лекување. За деталите ве упатувам на Управата за извршување на санкции. Не знам зошто се упатил кон Скопје, можеби поради лекарска помош, треба да прашате во Управата – изјави Заев.
„Врз база на медицинска документација добил 30 дневен прекин на санкцијата за да ги заврши работите. Ова не е ниту прв ниту последен затвореник кој ја користел оваа допуст за прекин на издржување на казна“, рече од своја страна Маричиќ.







