За „случајот Камчев“ ќе биде потребен мониторинг од Делегацијата на ЕУ

Доказите од Македонија за нехумани затворски услови и полициска бруталност треба да отворат прашања за соодветноста на земјата за пристапување во Европската унија и да се постават фокусирани услови за финансиската поддршка од страна на ЕУ, вели за Плусинфо Јан Фигел, поранешниот еврокомесар за проширување, кој во два наврата беше во Скопје на разговори за случајот на притвореникот Јордан Камчев.



– Комисијата за спречување на тортура при Советот на Европа во мај соопшти дека во најголемиот затвор во Македонија има нехумани и понижувачки услови и дека полициската бруталност е постојан проблем во земјата. Во јуни, Европскиот суд за човекови права пресуди против Македонија во случај кога граѓанинот од ромска етничка припадност, Фатмир Мемедов, беше предмет на расистички мотивирана полициска бруталност. Судот сега ги покрена и прашањата за притворот на Јордан Камчев, бизнисмен кој боледува од вродена срцева болест и е обвинет за финансиски мотивирани, ненасилни злосторства, извршени од поединци, бизниси или владини професионалци, но е притворен под услови опасни по живот – вели Фигел за Плусинфо.

– За доброто на правдата за сите и за напредокот на Македонија во насока на почитување на состојбата со човековите права, за случајот со Јордан Камчев е потребен мониторинг од страна на Делегацијата на Европската унија во Скопје и следење од страна на Комесарот за човекови права при Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ – категоричен е Јан Фигел.

Целата сторија на следниов линк:
https://plusinfo.mk/slucha-ot-kamchev-zrel-za-poseben-monitoring-od-eu-e-ima-li-rabota-za-komesarot-za-chovekovi-prava-du-a-mi-atovi/