Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“.
Предвидени се 10 награди на дневно, 15 награди на месечно ниво и две главни награди. На дневно ниво се предвидени награди од 1.000, 2.000 и 3.000 денари, пренесе „Макфакс“.
„Сакаме да ги стимулираме граѓаните и понатаму да скенираат сметки. Во оваа наградна игра ќе бидат земени предвид и сметките со 0 отсто ДДВ, вели министерката за финасии Нина Ангеловска.
Ангеловска нагласи дека од 1 до 15 декември ќе биде исплатата за скенираните фискални сметки за јули, август и септември. Со наградната игра очекуваат да се зголеми бројот на граѓани што скенираат сметки, а најави дека ќе понудат и опција граѓаните веднаш да пријават ако не добијат фискална сметка.





