За СЈО ќе има мнозинство и без ВМРО ДПМНЕ!?

Министерката за правда Рената Дескоска денеска најави дека доколку не се постигне договор за законот за СЈО, владата ќе обезбеди двотретинско мнозинство и без ВМРО ДПМНЕ.



Дескоска  рече дека веќе се размислува за други опции, откако и по шестата средба, не беше постигнат напредок во разговорите, а клучните разлики останаа.

И натаму останува најспорен е членот 105, кој предвидува, бомбите да може да се користат како докази во постапките почнати и после завршувањето на мандатот на СЈО на 30 јуни 2017-та, што за ВМРО ДПМНЕ е незаконски.

Од ВМРО ДПМНЕ предложиле, работната верзија на законот да биде испратена на мислење во Венецијанската комисија, за да може да се добие и нивниот став  за спорниот член од законот, но тоа за министерката е прифатливо само откако законот ќе се изгласа.

Идните средби ќе зависат од тоа, дали некој од преговарачките тимови ќе даде нова идеја за тоа како да се излезе од ќорсокакот.

Извор: Телма