„ Проблемот за СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии“ вели лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Лидерот на интегративците вели дека тие го поддржуваат законот и сите реформи во судството.
„Неопходно е во оваа држава да има ветинг, да има проверување на кадрите посебно на тие што се задолжени за чување на редот и мирот, бидејќи само така ќе бидеме поуспешни во борбата против криминалот и корупцијата“, изјави Ахмети.





