За синот на Зоре Темелковски најзаслужен за титулите на Вардар е Заев

Генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Македонија и син на бизнисменот и екс пратеник на СДСМ Зоре Темелковски тврди дека без Заев Вардар не можел да стане првак на Европа.



Владимир Темелковски инаку брат на актуелниот градоначалник на Кисела Вода од СДСМ во “Лекција за Спининг и Факти” до јавноста вели дека факт е дека РК Вардар 2 пати во последниве 3 години стана шампион на Европа но исто така факт е и дека 2та пати станал шампион од кога дошла владата на СДСМ на чело со Зоран Заев.

Според Темелковски Заев за само 7 дена во 2017 година помогнал Вардар да стане шампион на Европа.

Тајната на успехот на Заев се крие во позитивната карма на премиерот тврди несудениот ривал за прв човек на КФМ кој пред неколку недели ја напушти битката со Антиќ пред гласањето.

Целата анализа на Темелковски зошто Заев е најзаслужен за титулите на Вардар.

Владимир Темелковски
Лекција за Спининг и Факти”

Она што Дпмне неможеше да им го обезбеди на Вардар и Самсоненко 7 години, Зоки им помогна во само 7 дена да успејат да стигнат на врвот на Европа.

Како успеа во тоа Заев????

Со позитивна карма, енергија и клучна порака на обединување, која што ги обедини сите Шпанци, Македонци, Руси, Срби, Хрват идр е ова е класичен пример на спининг нешто што Дпмне го правеше 10 години и нешто што не смее да се повтори.

Сега поентата.

Рк Вардар- направи историски повторлив успех и успеа 2 пати да го стави градот СКопје на Спортската Мапа и за тоа треба да сме им вечно благодарни.

Но крајно некоректен е целиот годишен спининг од Дпмне и приказните за неисплатени плати и како Самсоненко ќе се повлекувал зошто немал интерес и имал притисок од владта. За него важат истите закони како за мене и за Столе и за сите други во државата Македонија.

Прво Факт е дека Самсоненко е тој што им должи на ракометарите а не владата на Македонија, а бонус и знак за пофалба е секој дополнителен бонус што го обезбедува владата и градот Скопје за тие ракометари.

Се надевам дека Рк Вардар ќе најде нов спонзор и начин да излезе од кризата и за трет пат да се дигне на врвот на Европскиот Ракомет исто како што се надевам дека законот и судот на РМ нема да ди остави ракометарите на цедило и тие ќе си ги добијат заслужените средства.

За крај за верните фанови, вечер се слави за Вардар и за успехот на Вардар, не за Македонија Не за Гоце и сигурно не за некоја партија или пак нација или малцинство, така да позитивна енергија и фер навивање како што заслужуваат овие шампиони на Европа, а не Спининг и кампања во цел на некоја личност или партија.

#sportotnasportistite