Мајка во Хрватска била уапсена откако и удрила шлаканица на ќерка си и поминала два дена во полиција, а деновиве е осудена за семејно насилство, пишува index.hr.
Според пресудата, 51-годишна жена лани во април околу 19 часот и 30 минути во куќа во Загреб извршила физичко семејно насилство врз нејзината ќерка (34), „удирајќи ја со отворената дланка по лицето“. Полицијата веднаш ја уапсила мајката и ја привела.
На судењето жената го негираше насилството. Таа вели дека тој ден дошла кај ќерката и нејзиниот дечко затоа што со месеци ја немала слушнато и се сомневала „дека се занимава со некаков неморален бизнис затоа што синот и покажал дека објавува разголени фотографии на социјалните мрежи“.
За инцидентот, судијата ја прогласил жената за виновна и ја казнил со 220 евра. Бидејќи помина два дена во полициски притвор, треба да плати само 140 евра. Дополнително, мајката мора да плати и 40 евра за трошоците на постапката.







