дружението за заштита на ликот и делото на „Мајка Тереза“ е иницијатор, изработувач и финансиер на овој проект, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во врска со новата „спомен плоча“ на Мајка Тереза на Плоштад Македонија.
Но, како што рече, според него ова идејно решение е прифатливо
„…ниту имаме право ниту имаме правна можност како Град самоиницијативно да ја вршиме реконструкцијата на местото каде што е спомен плочата. Идејното решение за мене беше прифатливо од причина што достапноста до спомен плочата од страна на јавниот простор да се надмине проблемот што со криминалната продажба на локацијата за изградба на шпанските скали е наметната кај локацијата на куќата на „Мајка Тереза“, рече Шилегов во одговор на новинарско прашање, пренесува Опсервер.






