За Шилегов Градската куќа била „фрлена на страна“

„Местото на администрацијата на главниот град не е некаде фрлено на страна, туку во центарот на градот.



Тоа што некој ниту имал визија, ниту се грижел, ниту знаел и умеел да определува што се приоритети на Град Скопје во минатото, е една од причината зошто живееме во ваков град во овој момент. Негрижата за јавниот транспорт, за топловодната мрежа се дел од причините поради кои овој град е меѓу најзагадените. Ако знаеле што се приоритети на Град Скопје немаше да ја фрлат градската куќа таму каде што е фрлена“, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во врска со најавената продажба на Градската куќа.

Градоначалникот не кажа на која локација ќе се сели градската администрација откако ќе се продаде градската куќа, пишува порталот СДК