Од 1 јануари за секое новородено дете во Грција, родителите ќе добиваат по 2.000 евра.
Ова мерка ќе биде биде потврдена со закон откако грчкиот парламент ќе ја продолжи работата по Нова Година и ќе важи ретроактивно од 1 јануари 2020, пишува „Катимерини“.
Првата половина од помошта од 1.000 евра ќе им биде исплатена на родителите, додека преостанатите 1.000 евра ќе бидат платени шест месеци по раѓањето на секое дете.
Децата родени во Грција од државјани кои не се членки на ЕУ во 2020 и 2021 година, исто така ќе добијат надомест доколку мајката легално и постојано живее во Грција од 2012 година.





