За социјалдемократскиот сојуз печатењето на учебници за учениците било скапа работа, вели Елизабета Наумовска, претседателка на Комисијата за образование на СДСМ.
Со електронските учебници лесно и ефтино ќе може да се менуваат застарените и неточни податоци во учебниците што не било можно со печатените учебници за кои при нивна промена морале да се повлекуваат сите книги, објаснува Наумовска која ја брани позицијата на министерката Мила Царовска за укинување на печатените учебници.
За @SDSMakedonija СКАПО било печатењето учебници.
Јавното здравство е скапо за да инвестираме – да го приватизираме. Одржувањето на шумите е неефикасно – да ги дадеме под концесија.Па, ако секое прашање од јавен интерес е скапо за господата од СДС, нив најдобро да ги укиниме. pic.twitter.com/SEAnyog8Ef
— Мојсоска (@Mojsoskata) April 26, 2021
Во видеото и текстот од прес конференцијата на СДСМ на оваа тема на која зборува Наумовска не е објавена оваа контроверзна теза која најавува дека Владата на СДСМ се подготвува за темелна и континуирана промена на содржината на учебниците по критериумите застареност и неточност што ќе предизвика сериозна дебата особено во учебниците по историја, социологија, општество и др.
Целиот текст од прес конференцијата на СДСМ и видеото во кое ја нема изјавата што се појави на социјалните мрежи:
Со новата концепција за основно образование и концепцијата за наставни материјали, ученикот е сега во прв план, вложуваме во иднината на децата!
Ветивме и веќе развиваме наш автентичен модел на квалитетно образование достапно на сите. Донесена e новата Концепција за основно образование, а интензивно се работи на реформи и во средното образование – особено акцент се става на средно стручно образование насочено во функција на потребите на пазарот на трудот.
Темелната реформа во образовниот систем опфаќа и реформа на моделот на користење на наставните материјали. Креиран е автентичен, македонски модел на користење на наставни материјали.
Македонскиот модел на примена на материјали за учење е комбиниран. За учениците од прво до трето одделение ќе се обезбедуваат хартиени учебници, имајќи предвид дека тоа е период во кој се стекнува однос кон книгата, додека за учениците од четврто и и сукцесицно во погорните одделенија се обезбедуваат дигитални учебници како прва опција, но доколку некој има потреба од печатен учебник, училиштето каде посетува настава ќе ги обезбеди, а учениците ќе ја имаат можноста и самостојно да печатат дел или цел учебник.
Новите генерации растат во дигиталната ера на ИТ технологијата која е составен дел од животите на најголем дел од нив. Така што користењето на таа технологија за учење, стекнување на навики кај децата истата да ја користат за пребарување, истражување и учење е всушност многу голема придобивка и градење на добар однос со технологогјата и интернетот.






