Министерот за надворешни работи Никола Димитров не кажа за кого е наменета пораката од неговиот профил на „Твитер“, но огромно мнозинство од тие што реагираа на неа јасно и недвосмислено му порачаа што мислат за неа и за него.



„За самонаречени патриоти, некако многу со страв. Страв од одговорност за (не)делата во минатото, страв да се преземе одговорност за иднината, страв од соочување со волјата на народот…“, твитна Димитров, предизвикувајќи канонада од одговори.