За саботажа на гасоводите „Северен тек“ била потребна подморница

Една експлозија на дното на Балтичкото Море во близина на гасоводот Северен тек е еквивалентна на експлозија на повеќе од 100 килограми динамит, изјави сеизмолог од шведскиот универзитет во Упсала во Швадска.



Сеизмолозите, во четвртокот детектираа три експлозии на дното на Балтичкото Море, а веднаш по нив беше откриено значително истекување на гас од гасоводот што води од Русија до Германија.

Професорот Б Мајкл Кларк, аналитичар за безбедност и одбрана, рече дека истекувањето на гасоводите Сјеверни ток 1 и 2 во Балтичко море биле предизвикани од три експлозии во на морското дно.

Тој рече дека е „јасно да се работи на саботажа“, додавајќи дека за таков хаос е потребна подморница.

„Тоа не е случаен терористички чин, зад него стои влада, а единствената влада што може да има корист од тоа е Русија. Ниту една европска влада не би сакала да го направи тоа“, рече Кларк.

Неколку европски и американски високи функционери сугерираат дека тоа е саботажа среде енергетската војна меѓу Русија и Западот, што го предизвика рускиот напад врз Украина.

На гасоводите Северен тек 1 и 2 се откриени три истекувања на гас. Во цевките се наоѓа гас, но Русија не сака да ѝ го даде на Европа.

Се уште не е утврдена точната причина за експлозијата.