Двајца Кубанци на возраст од 29 и 23 години се уапсени на границата меѓу Македонија и Грција.
„Синоќа во 02.40 часот, полициски службеници спречиле нелегално минување на државната граница од Република с. Македонија во Република Грција на лицата В.Д.(29) и М.Б.Ј.(23), двајцата од Куба.
Од извршените проверки било утвдено дека тие имаат остварено нелегален влез во државата“мобјави МВР
По преземени мерки на лицата им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влегување во Република Македонија.







