„Целиот процес ми личи на судење за убиство без труп. Не се одговора на клучното прашање, кај се парите- рече Фросина Ременски во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.
Актуелнатта потпретседателка на собранието, објаснува како треба да се постапува и се посочува литература за тоа што е кривично дело.
„Во полициското постапување – имаш познати сторители, познат давател, барател и е најлесно дело за реализација и за постапување од страна на органите на прогонот и поприлично ми е нејасно зошто тоа останало недопрено, за да се спречи- изјави Ременски во однос на стратегијата на обвинителството и Русковска во овој случај.
Повеќе ми личи на операција (Рекет) што манипулира со пропаганда, специјална војна која што манипулира со информации во однос на креирање на општи индиции, отколку на процес во кој ќе се соберат информации за да се поткрепи тоа, вели Ременски.





