За ревакцинација со „АстраЗенека“ во Врање или во Ниш

Во втората половина на јуни македонски државјани треба да се ревакцинираат со „АстраЗенека“ во Србија, поради што Министерствотои за здравство е во преговори со српските колеги тоа да се направи во Врање или во Ниш, соопшти денеска министерот Венко Филипче.



„Со министерот Лончар утрово разговаравме дали може да се организира некој пункт поблиску до нашата земја за ревакцинацијата на нашите граѓани во Србија. Има расположение и наредните денови ќе информираме што точно е договорено, размислувањата се да биде во нивните пунктови во Врање или Ниш“, рече Филипче.

Околу 15.000 македонски државјани се вакцинирале во Србија, најголем дел од нив во Белград и Ниш.