Честите испади во блок 1 од РЕК Битола се должат на тоа што овој блок не е ремонтиран. Да биде уште полошо, раскинатиот договор за ремонт со германска компанија може да не чини 28 милиони евра, но тим од адвокати прави напори сумата за отштета да биде помала.Ова го соопшти на денешната прес конференција директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски. Тој појасни дека постапката се води пред арбитражен суд во странство.
Договорот е склучен во 2012 година е раскинат во 2016 година, од страна на тогашното раководство на ЕСМ. По тој договор е направен ремонт на блоковите 2 и 3. Според образложението за раскинувањето на договорот, тој еднострано е раскинат од ЕСМ затоа што не биле добри перформансите на извршениот ремонт. Германската компанија понудила споодба, да се приближат ставовите, но тоа не е постигнато. Чесно е да кажеме дека овој спор ќе го загубиме само прашање е колку тимот на адвокати ќе успее да го намали бараниот износ од 28 милиони евра – изјави Ковачевски.
Тој вели дека не се увиделе проблеми во пракса во одбнос на ремонтите што се направени со двата блока. За последниот блок, за кој се откажал ремонтот, дел од опремата е допјдена во Битола и е стои на имот од приватни компании.







