За Рама, Меркел е како папата, а одењето во Берлин како аџилак!

Пред денешната посета на Берлин албанскиот премиер Еди Рама пред домашните новинари ја спореди германската канцеларка Ангела Меркел со папата.



„Ангела Меркел е европски шампион. Целиот балкански регион полага голема надеж во неа“, изјави Рама, додавајќи: „Нормално е сите шефови на влади на балканските земји кога одат во Берлин да се чувствува по малку како аџии кои сакаат да се видат со папата“.

Претседателот на албанската Влада се надева на најбрз можен почеток на преговорите за пристапување во Европска унија.

„Ние би сакале да станеме членка уште денеска“, додавајќи дека луѓето на Балканот имаат најпозитивен став за ЕУ. „За нас, Европа е она што беше за основоположниците – мировен проект“.

Албанија, заедно со Македонија, минатата недела доби препорака од Европска комисија за почеток на преговори за членство во ЕУ, за која треба да решава Европски совет во јуни, а одлуката се носи со консензус.