За првпат од јануари, Кина без починати од Ковид-19

Нема починат од коронавирусот во последните 24 часа, за прв пат од јануари, објавија Асошиејтед Прес и Франс Прес, повикувајќи се на податоци на здравствените власти.



Епидемијата во Кина почна да „спласнува“ од минатиот месец, сепак, земјата се соочува со втор бран заразени кои доаѓаат од странство, а такви има 1.000 случаи.

Во последните 24 часа, пријавени се само 32 случаи на инфекција, сите лица кои се враќаат од странство.

Вкупниот број на жртви на епидемијата во Кина достигна 3.031, од вкупно 81.740 случаи.