Телевизијата Алфа која има национална концесија стана првиот електронски медиум од топ македонските медиуми кој за шеф на информативната редакција доби доктор на науки.
Од денеска главен и одговорен уредник на ТВ Алфа е Искра Коровешовска долгогодишна новинарка која работела во А1 ТВ, Дневник и Алфа ТВ.
Коровешовска е доктор на комуниколошки науки а докторирала кај професорката Јасна Бачева на Правниот факултет Јустинијана Прима во Скопје.
“Од денеска мојата улога е одговорноста за вестите на Алфа телевизија. Главна да, но и најодговорни улога. Алфа има тим на луѓе кои вредат колку повеќе медиуми во едно, фантастични, професионални новинари! Сигурна сум ќе функционираме како тим – семејство кое ќе руши рекорди на гледаност! Алфа, тоа сме ние!”, напиша Коровешовска на својот Фејсбук профил денеска.
Заменик на Коровешовска во редакцијата на Алфа ТВ од денеска е именуван Драган Милосављевиќ кој во редакцијата е од формирањето на телевизијата.
Од пред еден месец нов директор на Алфа ТВ на местото на познатиот новинар Васко Ефтов стана Јани Бојаџи, режисер и телевизиски продуцент во повеќе филмски проекти и медиуми.





