„ Ние разбираме дека грешките може ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, се вели, меѓу другото, во соопштението на американската амбасада во Скопје во врска со пропустот со изведувањето на химната на Македонија, откако Тамара Тодевска не ја испеа строфата во која се споменуваат Гоце Делчев и другите национални херои.
Наѝстапот на пејачката на националниот празник на САД – 4 јули, Денот на независноста, од синоќа е цел на огромен број критики по што се јави и Тамара која објасни дека од возбуда ги испуштила Гоце, Питу, Груев и Сандански од официјалниот текст на официјалната македонска химна.





