Копретседателот на ОМО „Илинден“ – Пирин, Стојко Стојков, и министерот за правда Кренар Лога денеска оствариле средба на која од здружението информирале за статусот и правата на Македонците во Бугарија и неспроведувањето на 14-те пресуди на Судот од Стразбур од страна на официјална Софија, јавува 360 степени .
„Се дискутираше и за годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во кој е посочено дека Република Бугарија не ја спроведува пресудата за основните човекови права на слободно здружување која ОМО ‘Илинден’ – Пирин не може да ја реализира и да се регистрира. За неспроведувањето на 14-те пресуди на судот во Стразбур во корист на Македонците во Бугарија ќе бидат информирани и меѓународните фактори“, соопштија од Министерството за правда.
Од Правда додаваат и дека Стојков изразил благодарност до Лога за интересот за правата на Македонците во Бугарија и посочил дека тој е првиот министер кој го повикал на разговор.







